Достапни линкови

ЕУ - Трговски олеснувања за Пакистан


Европа нуди големи трговски олеснувања за Пакистан, како дел од пакетот мерки за помош за закрепнување од последиците од големите поплави што ја зафатија земјата. Комесарот за трговија на ЕУ, Карел Де Гухт соопшти дека ЕУ треба да ги укине увозните давачки за 75 производи од Пакистан.
Проценките се дека тоа ќе допринесе да се зголеми увозот од Пакистан за околу 100 милиони евра годишно.
Во наредните неколку дена предлогот треба да биде претставен пред земјите членки и пред Европскио парламент.
Де Гухт се надева дека олеснувањата може да стапат во сила на почетокот на наредната година.
XS
SM
MD
LG