Достапни линкови

Македонски јазик по избор


Училиште

Училиште

Родителите од eтничките заедници ќе избираат кога нивните деца ќе започнат со изучување на македонскиот јазик. Од четврто одделение тој ќе биде задолжителен.

Владата одлучи да воведе стратегијата за интегрирано образование, односно родителите на децата од малцинските заедници ќе можат да изберат кога нивните деца ќе се запознаваат со македонскиот јазик. Родителите ќе бираат дали нивните деца ќе почнат од прво, второ или трето одделение со факултативна интерактивна настава по македонски јазик, а според законот, од четврто одделение ќе почнат со изучување на јазикот. Ова го соопштија министерот за образование Никола Тодоров и вицепремиерот Абдулаќим Адеми. Високиот комесар за малцинински права на ОБСЕ Кнут Волебек ја поздрави оваа одлука, но напомена дека донесувањето на одлуката е само почеток, сега е неопходно внимателно да се спроведе оваа стратегија за образование.

„Ова мора да се имплементира на таков начин што ќе биде бенефит за сите заедници во оваа држава, тоа значи дека ќе биде процес за кој ќе бидат консултирани сите учесници од локалната самоуправа, здружениата на учители, родители и невалдините организации. Ова мора да биде трансапернетен процес.“

Минатата година владата усвои слична статегија по предлог на ОБСЕ за спроведување на интегрирано образование. Вицепремиерот Адеми вели дека тогаш тоа било само иницијатива од ОБСЕ:

Министерот за образование Никола Тодоров

„Токму за истата стратегија зборуваме, која секако низ дебатата која се одвиваше во текот на една година, претрпе измени, бидејќи добивме сугестии од засегнатите страни и оваа стратегија произлезе од таа дебата.“

Минатогодишната одлука на Владата децата-Албанци да учат македонски јазик од прво одделение беше прогласена за неуставна. Воленбек вели дека тогаш ОБСЕ само советувала дека изучување на македонски јазик од мала возраст е добра идеја.

„Никогаш не рековме ова да важи од првиот ден, од прво одделение, барем јас го немам кажано тоа. Тоа што беше кажано е дека ќе има рана имплементација за која мора да има подготовки. Мора да има подготовки и разбирам дека Министертвото за образование одлучи дека подготовките мора да се подобри од она што беше претходнао направено.“

Тој додаде дека е неопходно сите учесници во оваа стратегија да бидат добро подготвени за овој пат полесно да се имплементира стратегијата.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG