Достапни линкови

Корупцијата - еден од најголемите проблеми во студентските домови


Корупцијата е еден од најголемите проблеми во македонските студентски домови, покажуваат резултатите од истражување за корупцијата во студентските домови што го спроведе Младинскиот образовен форум.
Најголем проблем се лошите животни услови во студентските домови, а веднаш по тоа следи корупцијата, одговориле анкетираните студенти.
Една третина од студентите сметаат дека 30 до 50 отсто од леглата во студентските домови се добиени нелегално. Секој четврти студент смета дека таа бројка е меѓу 50 и 70 отсто, а една петина од студентите одговориле дека повеќе од 70 отсто од леглата во студентските домови се добиени на нелегален начин.
XS
SM
MD
LG