Достапни линкови

Чавашоглу - Спорот за името е непотребен


Прашањето за името е непотребен проблем во средиштето на Европа. Неприфатливо е земји и нации да бидат блокирани поради непотребни проблеми и треба што побрзо да се постигне решение. Ова го изјави претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Мевлут Чавашоглу по денешната средба со премиерот Никола Груевски, пренесува МИА.
Според него, преговорите за членство на Македонија во Европската унија треба да почнат.
XS
SM
MD
LG