Достапни линкови

Русија успешно тестираше ракета со долг дострел Булава


Руската армија соопшти дека успешно лансирала балистичка ракета Булава од нуклеарна подморница. Ракетата е лансирана по серијата неуспешни обиди кои ја доведоа во прашање нејзината доверливост. Ракетата е испукана од место во близина на руската граница со Финска кон полуостровот Камчатка на крајниот исток на земјата, на одалеченост од околу 6 илјади километри.
Ракетата долга 12 метри и тешка 37 тони може да носи повеќе боеви глави. Дизајнирана е да им се спротивстави на противракетните системи.
Седум од 12 претходни тестирања на Булава беа неуспешни.
XS
SM
MD
LG