Достапни линкови

logo-print

Русија ќе му надомести на Иран за ракетите С-300


Висок руски функционер изјави дека Русија планира да му надомести на Иран за откажувањето на продажбата на ракетниот систем С-300. Претседателот Дмитриј Медведев изјави дека испораката е запрена поради санкциите од ОН.
Шефот на државниот конгломерат Руски технологии, каде што спаѓа и извозникот на оружје Росонборонекспорт, Сергеј Чемезов изјави дека Русија ќе му надомести на Иран за до сега исплатените пари. Чемезов рече дека парите нема да бидат вратени до крајот на годинава и не открива за колкава сума се работи.
Иран се закани дека ќе ја тужи Русија за прекршување на договорот.
XS
SM
MD
LG