Достапни линкови

logo-print

Обама ги подржува мировните разговори во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама ги поддржува обидите на авганистанската влада да започне мировни преговори со талибанските бунтовници, изјави потпаролот на Белата Куќа, Роберт Гибс. Тој додаде дека талибанските лидери треба да се откажат од насилство и поддршка што и ја даваат на Ал Каеда и да ветат дека ќе ги почитуваат авганистанските закони. Пакистанска владина делегација, авганистански официјални претставници и талибански лидери се сретнаа во Кабул и разговараа за постигнување на компромисно решение за крај на војната во Авганистан.

XS
SM
MD
LG