Достапни линкови

Камерон ги повика Британците да го издржат штедењето


Британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика Британците да ги издржат острите мерки за штедење на државата. Во обраќањето на годишното собрание на својата Конзерватива партија, Камерон изјави дека поради рекордниот јавен долг за време на финансиската криза, владата нема друг избор освен да го смали бројот на одредени социјални програми и да го ограничи буџетот. Камерон вети дека владата ќе обезбеди економски раст. Исто така најави дека британските војници ќе го напуштат Авганистан до 2015-та.
XS
SM
MD
LG