Достапни линкови

logo-print

Во Москава осудени тројца ултранационалисти


Судот во Москава осуди тројца ултранационалисти на повеќегодини казна затвор поради убиства и бомбашки напади. Во соопштението на судот се наведува дека тројцата осудени биле припадници на неопагански култ а цел на нивните напади биле имигранти од поранешните советски републики. Во периодот 2008-2009-та година тројцата осудени убиле 10 луѓе и организирале бомбашки напади на една руска православна црква, на еден ресторан и на една железничка станица при што загинал еден човек.
XS
SM
MD
LG