Достапни линкови

logo-print

Унгарија цела година ќе се справува со црвената јаловина


Унгарскиот министер за животната средина Золтан Илес изјави дека чистењето на излеаната отровна материја може да трае и една година. Црвената јаловина поплави седум села при што загинаа четири луѓе, а десетици се повредени. Се стравува дека јаловината може да стигне до Дунав и да ја загади реката која тече низ европските метрополи. За да се избегне поголема катастрофа, еврокомесарот за животната средина Јанез Поточник побара унгарските официјални претставници да сторат се што е можно да се запре јаловината да стигне до Дунав.
XS
SM
MD
LG