Достапни линкови

Предизборни тензии во Киргистан


Група демонстранти денеска упаднаа во седиштето на една од најголамите партии во Киргистан во главниот град Бишкек, само неколку дена пред одржувањето на изборите. Тие ја запоседнаа зградата и бараат на партијата Ата-Џарт да не и се дозволи да учествува на изборите.
Во партијата членуваат дел од пратениците од партијата на соборениот претседател Куманбек Бакиев.
Демонстрантите велат дека се роднини на жртвите што настрадаа во немирите за соборување на Бакиев. Според нив, луѓето од опкружувањето на Бакиев треба да бидат судени, а не да им се дозволи учество на изборите.
Според анкетите, партијата Ата-Џарт е трета според подршката во земјата.
XS
SM
MD
LG