Достапни линкови

Македонија бележи застој во евроинтеграциите


Македонија бележи застој во евроинтеграциите, постепено губи оптимизам и не се бележи надминување на статус кво ситуацијата по прашањето за името. Ова го заклучиле лидерот на ДУИ Али Ахмети и неколку европратеници од работната група за Западен Балкан на денешниот состанок во Брисел.
Словенечкиот европратеник Зоран Талер, по состанокот изјави дека има три проблеми поради кои Македонија не напредува во приближувањето кон ЕУ - Непопустливата позиција на Грција, незаинтересираноста на меѓународната да посредува во спорот за името и недоволната посветеност од македонска страна. Се добива впечаток, рече Талер, дека Скопје крева раце соочени со статус кво ситуацијата. Сите овие фактори влијаат да бидеме помалку оптимисти отколку пред една година, истакна тој.
На средбата присуствувале и европратениците Јелко Кацин, Јорго Шацимаркакис и Јоханес Свобода.
Ахмети ја отфрлил можноста за предвремени избори.
XS
SM
MD
LG