Достапни линкови

Верските заедници и политиката


Дали активностите на верските заедници се политички обени или обратно - политичките субјекти се мешаат во работата на верските заедници?

Ова прашање се наметна откако деновиве верските водства се појавија како промотори на одредени настани. Во четвртокот во Тетово ИВЗ повика на ослободување од Хаг на поранешниот командант на ОВК и косовски премиер Рамуш Харадинај. Портпаролот Абас Ислами изјави дека идејата на ИВЗ заедно со уште 40 невладини организации да организараат митинг нема политички мотиви:

„ИВЗ само ја поддржува таа инцијатива на албанските невладини организации кои што се во Република Македонија.“

Но, експертите не веруваат дека не постои врска меѓу политичките структури и верските заедници. Очигледно дека станува збор за верско делување на кое му се блиски релациите со верските водства и тој проблем е еден од сериозните во обезбедувањето автономија на верските субјекти, вели професорот Цане Мојановски поранешен претседател на Комисијата за односи со верските заедници:

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

„По повикот на ИВЗ да биде заштитена од разните радикални структури, таа пројави потреба да покаже блискост со одреднени политички структури во Македонија и токму во тој контекст треба да се набљудува нејзиното инволвирање во протестите.“

За инволвирање во прашања од политичка природа деновиве беше прозвана и МПЦ од некои политички партии по изјавата на нејзини претставници за неменување на уставното име на државата. Владиката Петар вели дека црквата не треба да се меша во внатрешни
По повикот на ИВЗ да биде заштитена од разните радикални структури, таа пројави потреба да покаже блискост со одреднени политички структури во Македонија.
работи на државата, но не и по прашања од заеднички интереси и на црквата и на државата:

„Тоа и припаѓа правото и на црквата да го каже, особено во конкретниот случај на МПЦ која била заштитничка на идентитетот на македонскиот народ во периодот кога ние сме немале држава.“

Инаку, за православните цркви или водачи е карактеристично дека чувствуваат блискост со националните водачи, вели Мојановски:

„Погледнете ја соседна Грција, нивниот Владика често пати излегува со порадикални политички изјави отколку што излегуваат грчките политичари, погледнете ги во соседството во Србија. Очигледно станува збор за еден тип на верско владеење на кое што му се блиски релациите со политичките водства.“

Исто така, познато е дека за одделни прашања кои има потреба да ги решава и заедницата се обраќа до верските заедници. Така пред повеќе години беше формиран и Советот за меѓурелигиски дијалог. Односот со општеството е комплексен и многу посложен, но важно е да се каже дека верските зеадници не може да се стават под стаклено ѕвоно, но треба што помалку да се инволвираат во прашања од политичка природа, вели Мојановски.



  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG