Достапни линкови

Околу милион македонци користат Интернет


Во Македонија во август годинава интернет користеле 1.057.400 луѓе или 51 отсто од вкупното население, а 742.400 биле приклучени на социјалната мрежа „Фејсбук“, покажуваат податоците на специјализираниот статистички веб сајт „Интернет ворлд стат“.
Бројот на интернет корисници во Македонија во изминатите десет години се зголемил за 3.424 проценти, односно од 30.000 во 2000 година на повеќе од милион во 2010.
Од земјите во регионот, повеќе од Македноците интернет користат Словенците (64,8%) и Србите (55,9%), а помалку Хрватите (50%), Грците (46,2%), Црногорците (44,1%), Албанците (43,5%) и граѓаните на БиХ (31,2%).
Во Европа, според „Интернет ворлд стат“, има 475 милиони корисници на интернет. Процентуално глобалната он лајн мрежа најмногу се користи во Исланд (97,6%) и Норвешка (94,8%), а најмалку во Ватикан (11,2%) и Косово (20,8%
XS
SM
MD
LG