Достапни линкови

Неподготвени за поплавите


Дел од скопските улици се тешко проодни и при најмали врнежи на дожд

Дел од скопските улици се тешко проодни и при најмали врнежи на дожд

Според експертите, македонските институции не се доволно подготвени за справување со поплавите.

Дождот есенва може повторно да не изненади, граѓаните стравуваат од излевање на водата од каналите и од поплави. Дел од скопските улици се тешко проодни и при најмали врнежи на дожд. Пред само две недели, стумичкиот регион беше целосно поплавен. Од Хидрометеоролошкиот завод најавија обилни дождови во наредниве два, три дена. Професор Владимир Ставриќ вели дека дека македонските институции не се доволно подготвени за справување со поплавите.

„Голем дел од работите кои што поранешните водостопански претпријатија ги вршеа, се запоставени, не постои организациона структура во која што ќе има заштита на речните корита и на градовите од поплави, ниту пак има организирана структура за мониторинг на овие појави.“

Тој додава дека во Македонија за жал се делува откако ќе настане поплава, но и тогаш не се делува на институционално ниво.

Поплави во кумановскиот регион во мај годинава

„За редовно одржување треба да имаме структура која што за жал во последните 15-20 години е запоставена и изгубена. Освен институциите кои што треба да бидат задолжени за управување со сливот треба да постојат и инситуции на оперативно ниво кои што тоа ќе го спроведуваат на дело.“

Потпаролот на Центарот за управување со кризи, Мишко Талевски вели дека причина за поплавите во Струмица е токму недоволното одржување на каналите.

„Она на што посебно апелираше и се уште апелира Центарот за управување со кризи до граѓаните и локалната самоуправа во целата земја е навремено чистење и редовно одржување на одводните канали, исто така порачуваме граѓаните да не ги користат каналите како место за собирање на комунален смет, а инспекторите редовно да вршат надзор од евентуална злоупотреба.“

Тој вели дека во изминативе години биле преземени мерки за одржување на каналскиот систем.
Хидрологот Светслав Крстиќ вели дека во наредниот период мора да се посвети повеќе внимание кон превенција од поплави.

„Дали во правец на исушување или пресушување на водните текови ние треба да се подготвуваме, дали како држава, дали како институции, ние би требало да се фокусираме бидејќи водата дефинитивно ќе биде еден од клучните проблеми во наредниот период.“
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 30.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG