Достапни линкови

Решение за името, па НАТО


Знамето на НАТО
Знамето на НАТО

Меѓународните претставници преку своите изјави постојано ја „враќаат“ македонската Влада во реалноста, повторувајќи дека без решение на спорот за името нема членство во НАТО.

Наспроти обидите на владините претставници да излобираат членство во НАТО без решение на спорот за името, домашната стручна јавност смета дека тоа е невозможно. Експертите велат дека политичките пораки од меѓународните претставници се јасни. Последната стигна од генералниот секретар на Алијансата, Андерс Фог Расмусен кој вчера изјави дека одлуката од Букурешт е
За нас одговара ние да влеземе под референцата ФИРОМ во НАТО затоа што ќе ни ја изедначи позицијата на меѓународна сцена со Грција, затоа што ќе можеме полесно да напредуваме во тој случај во спорот. Меѓутоа Грција го знае тоа и затоа не дозволува такво нешто.
јасна, мора да се најде заемно прифатливо решение и сите одлуки на НАТО мора да се донесат со консензус. Ова го потврди и британскиот амбасадор во земјава, Кристофер Ивон.

„На самитот во НАТО стана јасно дека Македонија може да стане членка на НАТО откако ќе се пронајде решение на спорот со името. Сметам дека токму тоа се претвори во влијателен фактор за временската рамка за членство во Алијансата“, изјави амбасадорот Ивон.

Еве како експертите ги објаснуваат обидите на власта да ги занемарат таквите пораки, а спорот со името да не биде услов за евроатлантската интеграција на земјата:


„Тоа се желби на Владата на Македонија, меѓутоа за одлуките одлучува некој трет, се друго е шпекулација, замајување на јавноста, да се отргнат од реалниот проблем во смисла, ние нудиме нешто, ама тие не не сакаат и не го прифаќаат“, изјави професор Имер Исмаили од Штуловиот Универзитет.

Во наоѓањето компромис како единствен начин за влез во НАТО верува и професорот Ивица Јосифовиќ. Тој објаснува дека влезот во Алијансата под привремената референца е правно нелогично, а на тоа според него никогаш нема да се согласи ниту Грција.

„За нас одговара ние да влеземе под референцата ФИРОМ во НАТО затоа што ќе ни ја изедначи позицијата на меѓународна сцена со Грција, затоа што ќе можеме полесно да напредуваме во тој случај во спорот. Меѓутоа Грција го знае тоа и затоа не дозволува такво нешто и не верувам дека и НАТО би дозволил.“

Дека решение за името е повеќе од неопходен услов за влез на Македонија во НАТО, неодамна потврди и амбасадорот на НАТО во земјава, генералот Давид Хумар. Тој изјави дека кога Македонија ќе го реши спорот, нема да треба да чека ни до претстојхниот самит на Алијансата за да стане нејзина членка, оти како што рече бидејки Северно-атланскиот совет има состанок секој четврток и кога Македонија ќе биде подготвена, работата ќе биде завршена.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG