Достапни линкови

Сенатрот Адерхолт смета дека Македонија заслужи членство во НАТО


Македонија заслужува да биде членка на НАТО, изјави американскиот конгресмен Роберт Адерхолт од Републиканската партија, по синоќешната средба во Вашингтон со македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, јави МИА. Адерхолт беше еден од иницијаторите на писмото за поддршка на Македонија за влез во НАТО потпишано од 19 конгресмени што во петокот беше испратено до американскиот претседател Барак Обама и други официјални претставници на САД.
Конгресменот Адерхолт рече дека многу е важно за Македонија да се знае за придонесот што таа го дава не само во Авганистан, туку и за ширење на демократијата и слободата.
XS
SM
MD
LG