Достапни линкови

logo-print

Украдени 5 милиони евра во најголемиот грабеж во Босна


Околу пет милиони евра се украдени од возило на агенција за обезбедување во близина на местото Груде во српскиот ентитет на Босна и Херцеговина.
Како што соопшти полицијата на Република Српска, парите, кои биле сопственост на банката „УниКредит“, биле пренесувани за Хрватска со возило на агенцијата за обезбедување „Пума Сектор“ од Бања Лука.
Овој досега најголем грабеж во БиХ, се случил вчера на патот Груде-Приваљ, кога вооружените ограбувачи на една кривина го препречиле патот на возилото на „Пума Сектор“, по што го опколиле и ги принудлуе лицата од агенцијата да им ги предадат парите.
Според полицијата, крадците биле вооружени со автоматски пушки и ракетен фрлач и по грабежот со најмалку четири возила се упатиле во непознат правец.
XS
SM
MD
LG