Достапни линкови

Амбасадорот на САД Рикер во посета на касарната во Штип


Амбасадорот на САД во Република Македонија Филип Рикер денеска ќе ја посети командата на првата механизирана пешадиска бригада во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
За време на посетата на гарнизонот во Штип, амбасадорот Рикер ќе ги разгледа македонската соба, кабинетот за изучување на англиски јазик, како и Центарот за подготовка за враќање на воениот персонал во цивилен живот „Лепеза“.
Домаќин ќе му биде советникот на началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Зоран Лековски. Според програмата, пред Рикер ќе бидат презентирани мисијата, задачите и формациската поставеност на единицата, обуката и искуството на „скорпиите“ од учеството во мисиите и вежбите предводени од НАТО, како и тактичко-технички збор со приказ на вооружувањето и опремата на бригадата.
XS
SM
MD
LG