Достапни линкови

Ештон: изборите во БиХ според меѓународните стандарди


Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изјави дека изборите во Босна и Херцеговина поминале во согласност со меѓународните стандарди. Таа ги повика новоизбраните политички лидери да го обноват конструктивниот дијалог и да го реализираат напредокот во европските интеграции. ЕУ ги повторува заложбите за европската перспектива на БиХ и ќе ја продолжи поддршката за таа цел. По 15 година од Дејтон, БиХ и нејзиниот народ заслужуваат квалитетен чекор напред кон европските интеграции, се наведува во соопштението од кабинетот на Ештон.
XS
SM
MD
LG