Достапни линкови

Путин бара од министрите да престанат да пушат


Рускиот премиер Владимир Путин ги повика министрите во неговата влада да престанат да пушат и со тоа да им дадат пример на граѓаните во борбата против пушењето во земјата каде што секој трет жител е пушач. Во делот на седницата посветен на таа тема, министерката за здравство Татјана Голикова изнесе податок дека во Русија има 43,9 милиони пушачи од вкупно 142 милиона жители. Според министерката, целта е до 2015 година бројот на пушачите да биде намален за четвртина со воведување на закон за забрана на пушењето на јавни места.
XS
SM
MD
LG