Достапни линкови

logo-print

Рано е за реинтеграција на Талибанците во општеството


Веројатно е премногу рано за почнување на процесот на реинтеграција на талибанските борци во авганистанското општество, изјави портпаролот на Пентагон Џеф Морел. Тој истакна дека американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс верува оти ИСАФ и авганистанските безбедносни сили треба да направат поголем напредок во зајакнување на безбедноста на теренот. Морел не прецизира колку време е потребно за одреден напредок, но нагласи дека силите на ИСАФ го зголемуваат притисокот врз Талибанците и оти расте безбедноста на теренот.
XS
SM
MD
LG