Достапни линкови

НАТО и ЕУ го засилуваат присуството во северно Косово


НАТО и Европската унија соопштија дека го зголемиле своето присуство во етнички напрегнатиот северен дел на Косово по зголемувањето на насилните инциденти, вклучувајќи и палежи и експлозии.
Командантот на силите на НАТО во Косово генерал Ерхард Билер и началникот на полицијата Удо Милер изјавија дека имаат повеќе патроли и ќе создадат повеќе контролни пунктови за да се справат со безбедносната ситуација, во која недостасува законитост и ред.
Чекорот следи по убиството на маж во бомбашкиот напад во јули и ранувањето на француски полицаец во судирите меѓу етничките Албанци и Срби минатиот месец.
Во немирниот регион, освен тоа, беа запалени и автомобили.

XS
SM
MD
LG