Достапни линкови

logo-print

Коњаноски - Сакаме во НАТО, ќе бараме нова средба со Нимиц


Министерот за одбрана Зоран Коњаноски денеска побара поддршка за влез на Македонија во НАТО на претстојниот Самит на Алијансата во Лисабон од членовите на Атланскиот совет во Вашингтон, посочувајќи на подготвеноста на земјата да го реши спорот со името.
Подготвени сме да ставиме точка на прашањето за името, додаде тој, повторувајќи дека Македонија сака да се изнајде заедничко прифатливо решение кое нема да го погази достоинството на македонскиот граѓанин.
Коњаноски рече дека македонските власти повторно ќе бараат средба на медијаторот на ОН Метју Нимиц со преговарачите во спорот, изразувајќи надеж дека негативните сигнали од Грција се поради ноемвриските локални избори во земјата.
XS
SM
MD
LG