Достапни линкови

Општините без средства


Дел од општините се жалат дека се подзаборавени од градот со новиот буџет.

Новиот градски буџет повторно ги исфрли на површина несогласувањата во партиските кампови и конфликотот на интереси меѓу градот и општините во негов состав. Првите реакции пристигнаа од општината Карпош дека повторно е подзаборавена од градот со новиот буџет. Во градот изјавија дека испртиле писмо до сите градоначлници да достават листа на прокти што сметаат дека имаат големо значње за општината, а со тоа и за главниот град, но општината Карпош не го стрила тоа. Одговорот што го пласираше градот не и од помош и на општината Арачиново. И по неколку месеци градот молчли за она што е понудено во нивните пректите, а одложуавањето е сигнал дека содржините не му се допагаат реагира градоначалникот на Арачиново Бастри Бајрами:

„Имаме доставено 19 проекти, но на ниту еден немам добиено позитивен, ниту пак негативен одговор.“

Горан Ангелов поранешен претседател на ЗЕЛС вели дека таму каде што има соговорници градот гради, но дека ниту главниот град не може сам со своите средства да направи инфраструктурни проекти. Подредената улога на градот во односно на општините му создава проблеми и на Скопје, смета Ангелов:

Мостот Гоце Делчев во Скопје

„По ваков модел и сега, но и во иднина тешко да можат да се решат големи инфраструктурни проекти бидејќи сите буџети на скопските општини се поголеми од буџетот на Скопје.“

Општината чии градоначалници од опозицијата пак сметаат дека проктот ’Скопје 2014‘ е една од причина зошто се дополнително заладени односите меѓу градот и некои од општините. Некаде финансиските средства не се доволни да им ги покријат трошоците на општините, а камоли да градат инфраструктура, коментираат во некои од нив. Кога на ова ќе се додаде најавата на Карпош дека ќе побара да им се вратат 50 проценти од парите дадени за даноци и за комуналии и тие сами ке си доизградат булевар, ако градот не ја вклучи општината во новиот градски план уште повеќе се засилува впечатокот за паралелизмот мегу градот и општините.

Експертите сметааат дека разликите во степенот на развиеноста особено во финансиската моќ мегу градот Скопје и остантите општини, и мегу селските и градските општени се главен проблем. Во Скопје е специфичен проблемот и заради моделот на организација. Аце Коцевски, поранешен грдоначлник смета дека праксата покажа дека помалите општини не може ефикасно да ги органзираат сите надлежности.

„И најмалата општина Вранешница и најголемата општина Куманово имаат исти надлежности. Надлежностите мора да се поделат на задолжителни и факултативни или пак, да се направат други измени во организацијата на локалната самоуправа.“

Ваков модел на градски општини има во Макдонија и во Србија во Белград и Ниш. Европското искуство познава модел на единсвена градска општина каде градот се дели на квартови.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG