Достапни линкови

Пандев не се откажува од репрезентацијата


Капитенот на македонската фудбалска репрезентација и играч на Интер Горан Пандев соопшти дека и натаму останува дел од репрезентацијата и по заздравувањето од повредата ќе се стави на располагање на селекторот Мирсад Јонуз.

„Репрезентативниот дрес е светост и за мене, а верувам и за моите колеги и секогаш со гордост настапувам за Македонија. Репрезентацијата мора да биде почитувана и од навивачите. Од настапите во репрезентацијата ќе се откажам само кога кариерата ќе ми биде во залез или пак под притисок на повредите“, изјави Пандев за инетрнет-страницата на ФФМ.

Тој го коментира навредливиот однос на публиката кон фудбалерите и побара трпеливост од јавноста и публиката за постигнување подобри резултати.

XS
SM
MD
LG