Достапни линкови

logo-print

Иванов - Името и евроинтеграциите да се решаваат паралелно


Претседателот Ѓорге Иванов побара од неговиот италијански колега Џорџо Наполитано да иницира, во македонско-грчкиот спор да се примени хрватско-словенечкото искуство. Иванов бара решавањето на спорот со Грција и евроинтеграциите да течат паралално, а не едниот да биде услов за другиот.
Иванов денеска се сретна со Наполитано во Рим.
Прашан за изјавата на првиот човек на НАТО Андерс Фог Расмусен дека е тешко остварливо на следниот Самит, Македонија да биде поканета под привремената референца, Иванов изјави дека проблемот е во тоа што Грција не си ги исполнува меѓународните обврски што ги презела со билатералната привремена спогодба.
XS
SM
MD
LG