Достапни линкови

Додик - БиХ е грешка во распадот на Југославија


Новоизбраниот претседател на Република Српска Милорад Додик изјави дека БиХ ќе биде „сојуз на републики или нема да постои“.
За белградскиот весник „Данас“ Додик истакна дека тоа значи „лабав сојуз, што полабав, и воедно враќање на надлежностите кои и припаѓаат на Република Српска, според она што всушност го пишува во Дејтонскиот договор“.

„БиХ е грешка која настанала во процесот на распаѓање на поранешна Југославија. Странците се обидуваат да ја одржат, но на сите им е јасно дека од тоа нема ништо и тоа не поради Милорад Додик, туку поради историјата и состојбите кои од секогаш владееле овде. БиХ е невозможна како држава, никогаш не била, нема ни да биде и тоа е единствената реалност“, вели Додик за белградскиот весник „Данас“.
XS
SM
MD
LG