Достапни линкови

Македонска делегација во командата на НАТО во Неапол


Делегација на Министерството за одбрана и на АРМ, предводена од заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев, утре во Неапол ќе присуствува на церемонијата по повод примопредавањето на должноста командант на Здружената команда на НАТО во Неапол.
За нов командант на Здружената команда на НАТО во Неапол е назначен вице-адмиралот Семјуел Џ. Локлиер. Тој претходно беше Директор на морнаричкиот штаб на САД.
Локлиер доаѓа на местото на адмиралот Марк Фитцџералд, кој беше командант во изминативе три години.
XS
SM
MD
LG