Достапни линкови

Нереални очекувања


Од средбата меѓу Коњановски и Гејтс
Од средбата меѓу Коњановски и Гејтс

Додека власта верува дека може да излобира членство во НАТО без решение на спорот за името, останатите партии велат дека станува збор за нереални изјави за домашна употреба.

Македонија повторно побара решавањето на спорот за името со соседна Грција да не биде услов за прием во НАТО и во ЕУ, туку тоа како билатерален проблем да се решава паралелно низ преговорите. И тоа во два наврати во последниве неколку дена. На средбата на министерот за одбрана Зоран Коњаноски со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс и министерот за надворешни работи Милошоски со својот германски колега Гидо Вестервеле. Истовремено пораките на меѓународните претставници јасно и недвосмислено ја повторуваат неопходноста од претходно надминување на спорот. Ваквите настапи како што појаснуваат од владејачката партија се темелат на верувањето дека преку мудра политика на два колосека, едниот искрени преговори со Грција, но и преку истовремено и перманентно лобирање особено кај пријателските држави какви што се Германија, САД и Канада може да се направи пробив во европските и евроатлантски аспирации.

„Дали Република Македонија ќе успее и покрај преговорите со Грција да оствари покана за членство во НАТО и натамошно да ја забрза динамиката за членство во ЕУ, првенствено зависи од карактерот на македонската надворешна политика, моќта на македонската дипломатија и од пријателите што ги има македонската држава“, изјави Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамнешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со посредникот Метју Нимиц

За останатите партии во Парлементот, ваквите очекувања се нереални со оглед на пораките кои ги добиваме од нашите меѓународни соговорници и со оглед на досегашните пречки коишто се појавија во нашите интеграции токму поради нерешениот спор за името. Би сакале да веруваме дека ваквите надежи може да се остварат, но практиката покажува дека тоа е сосема нереално да се очекува, вели Ермира Мехмети од ДУИ:

„Треба да бидеме објективни и рационално да пристапиме кон ситуацијата, кон фактите, а
Не смеат настапите надвор од државата да се користат за внатрешна употреба, затоа што она што го кажаа министерите е всушност за задоволување на домашната
јавност.
тие сепак говорат дека најважен критериум, повежен и од Копенхашките и од критериумите за членство во НАТО, за Македонија е сепак решавањето на спорот за името.“

За Андреј Жерновски од опозициската ЛДП пак, на ваквите настапи на владините претставници може да се гледа како на настапи кои се само за домашна употреба и упатени единствено кон домашните гласачи.

„Не смеат настапите надвор од државата да се користат за внатрешна употреба, затоа што она што го кажаа министерите е всушност за задоволување на домашната јавност.“

Најголемата опозициона партија на истата линија. Ставовите се нереални, но уште повеќе што за сите нив јавноста, односно политичките партии немаат никакви информации.

„СДСМ нема никакви информации за нетранспарентните разговори што ги врши Владата, така што не би коментирале ништо околу тоа“, изјави Андреј Петров од СДСМ.
XS
SM
MD
LG