Достапни линкови

Северна Кореа ги обновува нуклеарните активности


Северна Кореа, според новинските извештаи кои се повикуваат на извори на јужнокорејското министерство за одбрана, ги обновила активностите на нуклеарниот реактор во Јонгбион. Станува збор за изградба на постројка во близина на местото на разладната кула која беше разурната како дел од договорот за разоружување постигнат на шестпартитните разговори. Во минатата година Северна Кореа ги напушти овие разговори, а потоа изведе атомска проба.
XS
SM
MD
LG