Достапни линкови

САД со апел за разбирање до лидерите на БиХ


Соединетите држави синоќа ги поздравија резултатите од изборите во Босна и Херцеговина и ги повикаа лидерите на таа земја да го поддржат реформите со цел обединување на земјата. ,,Ги повикуваме лидерите да најдат точки на разбирање и поддршка за подобра иднина на сите граѓани на Босна и Херцеговина,, оцени портпаролот на Стејт департментот Филип Кроули. Државниот секретар Хилари Клинтон во идната недела ќе го посети Сараево како дел од турнејата во чии рамки таа ќе престојува и во Белград, Приштина и Брисел.
XS
SM
MD
LG