Достапни линкови

Десет години од падот на режимот на Милошевиќ


Денеска се навршуваат десет години од масовните протести на приврзаниците на демократската опозиција на Србија со која беше изнудено повлекување од власта на дотогашниот претседател на СРЈ Слободан Милошевиќ. Протестот во Белград беше организиран откако Сојузната изборна комисија ја оспори победата на Воислав Коштуница на изборите за шеф на државата. Во протестите животот го загубија две лица, а повредени беа 65 граѓани. Милошевиќ не го призна поразот на 5 октомври, туку следниот ден. Во април идната година тој беше уапсен и спроведен во Хашкиот трибунал за воени злосторства.
XS
SM
MD
LG