Достапни линкови

logo-print

Албанија: економија расте, вработеноста се намалува


Албанското Министерство за финансии соопшти дека во последните пет години, домашната економија забележала најголем економски раст во регионот и тој изнесувал 27 натсто. Пресметано во пари, споредено со 2005 година, домашната економија забележала раст од над 2,5 милијарди долари. И покрај ваквиот пораст, како што забележуваат дел од албанските медиуми, бројот на вработените и натаму се намалува. Имено, во истиот период бројот на вработените од 931 илјада се намалил на 899 илјади, констатираат медумите, според кои тоа е показател дека не секој профитирал од економскиот раст.
XS
SM
MD
LG