Достапни линкови

САД ги повикува лидерите на БИХ да ги продолжат реформите


Соединетите Американски Држави ги поздравија изборните резултати во Босна и Херцеговина и ги повикаа лидерите да ги поддржат реформите во целата земја подеднакво, се вели во соопштението објавено на сајтот на Стејт Департментот. Вашингтон се надева, како што се вели во соопштението, дека треба да се создаде влада која ќе биде подготвена да се соочи со уставните измени и други проблеми кои треба да бидат решени за да може да и се овозможи подобра евроатлантска интеграција на земјата. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон следната недела ќе го посети Сараево.
XS
SM
MD
LG