Достапни линкови

logo-print

Американската економија се уште кревка


Првиот човек на американските федерални резерви, Бен Бернанке изјави дека стопанството може да претрпи штети доколку Конгресот и Белата Куќа не успеат да го намалат федералниот буџетски дефицит во наредните години. Тој повторно го истакна своето уверување дека не треба владата сега да ги зголеми даноците или да ги скрати трошоците затоа што екомијата се уште е кревка. Но неуспехот да се воведе контрола врз дефицитот може да и нанесе сериозни штети на економијата во подолг рок гледано, предупреди Бернанке.
XS
SM
MD
LG