Достапни линкови

Милитанти загинале во Пакистан


Најмалку 8 милитанти, од кои дел со германска националност, загинале при ракетен напад изведен од американската војска во северозападен Пакистан, јавуваат новинските агенции. Нападите следуваат по предупредувањата што ги издадоа Соединетите американски држави и Велика Британија дека постои зголемен ризик од терористички напади во Европа. Официјални претставници на безбедносните сили на Западот минатата недела соопштија дека веруваат оти група милитанти од северниот дел на Пакистан се дел од заговорот за терористички напади во Европа.
XS
SM
MD
LG