Достапни линкови

Немилосрдна политичка битка


Дел од антивладиниот спот што се емитува на дел од македонските телевизии
Дел од антивладиниот спот што се емитува на дел од македонските телевизии

Партиската битка кулминира. Политичките партии не бираат средства во политичката борба, емитувајќи спотови во кои се злоупотребува одредена категорија лица.

Социјалци, деца, тешко болни и починати, ликови и изјави ставени во функција на партиски маркетинг, без почитување на човековите права на јавност, но и приватност. Кадри преземени од новинарски прилози станаа дел од немилосрдната политичка пресметка. Советот за радиодифузија неделава ќе презема казнени мерки кон медиумите кои повеќеслојно го прекршуваат новинарскиот кодекс, нормите за емитување на ТВ-спотови во политички цели.
Ова веќе почнува да личи на епидемија, почнува од една телевизија, но се проширува на други и тоа не смееме да го дозволиме.

„Ова веќе почнува да личи на епидемија, почнува од една телевизија, но се проширува на други и тоа не смееме да го дозволиме, бидејќи не соодветно е и не адекватно е да се користи надвор од изборна кампања, на ваков груб начин, би рекол и прекршување на законот“, вели Зоран Стефаноски, претседател на Советот за радиодифузија.

Речиси и да немаше невладина организација, од Хелсиншки комитет, до Меѓаши или Полио-плус што не побараа интевренција за заштита од злоупотребите на децата, хендикипираните или болните.


„Предлагам да не го ’шминкаат‘ спотот туку да го прекинат и да направат некој нов. Мислам дека ќе им проработи совеста на тие луѓе и дека ќе сфатат дека некои луѓе се навредени со таквата постапка“,
Ова мислам дека е знак на кратковидости на двете политички партии бидејќи и граѓаните го осудуваат и се работи за навистина непримерна комуникација која нема минимум стандарди на одреден вид на комуницирање.
изјави Звонко Шавревски од Полио-плус.

Со сличен став е и Драги Змијанац од првата детска амбасада Меѓаши.

„Сите концесионери треба да поведат сметка дека треба да работат во интерес на децата, а пак очекуваме од сите политички партии исто така да гарантираат максимално почитување на правата на децата и имплементирање во пракса.“

Од МИМ остри критики за злоупотреба на новинарското авторство во партиските штабови, што не е новина, но годинашнава ескалација е посебно брутална, вели директорката на МИМ Жанета Трајковска.

„Ова мислам дека е знак на кратковидости на двете политички партии бидејќи и граѓаните го осудуваат и се работи за навистина непримерна комуникација која нема минимум стандарди на одреден вид на комуницирање.“

По лавината реакции и барањата да се прекине со емитување на спотови кои го газат човековото достоинство од двете најголеми партии велат дека ги анализираат забелешките.

Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев се правда:

„Видете, не се работи за придобивање на симпатиите кај народот, се работи за луѓето да се освестат во каква држава живееме после четири години од владеењето на Груевски.“

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вели:

„Во политиката е многу значајно не само тоа што се зборува, туку и со кој кредибилитет се зборува. Што стои зад секој од нас, или зад секоја од овие партии како кредибилитет и како наследство.“








XS
SM
MD
LG