Достапни линкови

Тргна „југо-железницата“


Тргна првиот товарен воз со 42 вагони на заедничкото железничко петпријатие на Србија, Словенија и Хрватска „Карго 10“. Возот појде од железничката станица од Батајница до словенечкото место Сежана.
Планирано е возот на таа релација да сообраќа секоја недела, а со годишниот договор предвиден е превоз на 50 илјади тони брикети дрво наменети за италијанскиот пазар.
Седиштето на компанијата „Карго 10“ ќе биде во Љубљана. Една од целите на новата компанија е скусување на царинската процедура на граничните премини, со што возовите побрзо ќе сообраќаат. Целта е патувањето од Љубљана до Истанбул да се скрати од сегашните 57 на 35 часови.
Железниците на Србија, Хрватска и Словенија имаат по една третина во „Карго 10“, а во ист процент ќе биде делен и профитот.
XS
SM
MD
LG