Достапни линкови

Нема избори на Косово годинава


Вршителот на должноста косовски претседател Јакуп Красниќи изјави дека оваа година нема да има избори на Косово и дека датумот на нивното одржување ќе биде соопштен наскоро.
Красниќи од поранешниот претседател Фатмир Сејдиу ги презеде претседателските ингеренции на 28 септемви, а до 28 март истекува конечниот датум до кога на Косово треба да завршат предвремените избори, бидејќи тогаш на Красниќи му истекува мандатот вршител на должноста претседател.
Красниќи рече дека разговорите Белград-Приштина може да почнат кога ќе се консолидираат косовските институци по изборите.
XS
SM
MD
LG