Достапни линкови

Надворешната трговија зголемена за 10 отсто


Обемот на стоковната размена на Македонија странство во првите осум месеци годинава е за 10 проценти поголем во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Трговскиот дефицит во тој период e изнесува 1.35 милијарди долари. Земјава најмногу извезува производите од железо и челик, облека, фероникел и преработки од нафта. Најмногу се увезува сурова нафта, моторни возила и струја.
Македонија најмногу извезува во ЕУ и во земјите од Западен Балкан. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, 44 проценти од вкупната надворешна трговија на Македонија е со Германија, Србија, Грција, Русија и Италија.
Најмногу стоки. во првите осум месеци годинава, се увезуваат од ЕУ и од земјите во развој.
XS
SM
MD
LG