Достапни линкови

Грција - Нови даноци и намалување на платите


Грција воведува дополнителни даноци и уште едно намалување на платите и пензиите во државниот сектор. Ова е предвидено во предлог-буџетот за 2011 година, што денеска влегува во Парламентот на разгледување, објавуваат грчките медиумите. Освен недвижниот имот, со дополнителни даноци ќе бидат оданочени и доходите. Повисок ќе биде и данокот на луксуз, за јахтите, вилите и сличните луксузни производи.
Владата очекува, во буџетот за наредната година да влезат уште околу две милијарди евра, кои ќе дојдат од зголемените диференцирани ставки на ДДВ и од воведениот специјален данок за горивата.
XS
SM
MD
LG