Достапни линкови

Ваши коментари


Нашата тема во Хајд Паркот предизвика многу коментари мегу нашите слушатели.

Искрено ме насмеа, почитувани нашиот слушател од Битола кој на крајот од својот подолг коментар во врска со се поголемата сиромаштија меѓу народот, а критикувајќи ги двете најголеми партии дека кога се власт не се грижат за народот затоа што и двете се вмешани во разно разни афери и гледаат кој повеќе ќе ги наполни џебовите на крајот прашува со констатација, така ќе си тераат со години, а ние ќе ги фатиме на кондиција како што ги фативме Турците. Кога видоа со каков народ си имаат работа, по 500 години сами си отидоа. Шегата настрана, беспарицата и неповолната економска состојба излгеда дека тешко ги погодува граѓаните.

Некој слушател потпишан како „високопогодената сиромаштија“ пишува дека во Македонија има неколку вида сиромаштија, сиромаси кои се сиромаси додека победи нивната партија, непартиски високообразовани сиромаси и сиромаси кои си беа сиромаси и пред транзицијата ама живеаа со дозволен минус. Слушателот смета дека првите се сиромаси и штом победи нивната партија го отфрлаат сиромашниот зживот и се фатираат за да си живеаат на раат до седмо колено. За вторите дека се кредит категорија, односно иако се високообразовани поради тоа што немаат партиска книшка не можат да напредуваат во службата. А на кој начин размислуваат мнозинството наш граѓани оти излегува дека навистина е така пишува Зока од Пехчево „мајката е власта и да се пикнеш во неа“.

Некој слушател од САД сака да влее оптимизам кај народот па пишува „Дојдете во САД па видете, тука е уште полошо денеска е светска економска криза“. Секоја планина со своја тежина...
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG