Достапни линкови

logo-print

Нобелова за медицина за ин витро оплодување


Нобеловата награда за медицина му припадна на британскиот физиолог Роберт Едвардс за развој на методата за ин витро оплодување, техника што им помогна на милиони парови да имаат деца.
Во соопштението на Нобеловиот комитет се наведува дека придонесот на Едвардс претставува „пресвртница во развојот на современата медицина“.
Едвардс, кој сега има 85 години, почнал да работи на постапката за ин витро оплодување во педесетите години од минатиот век. Техниката подразбира, јајце клетката да се оплоди надвор од телото а на жената, а потоа да се врати во матката. Првото бебе зачнато со оваа метода е родено во Велика Британија во 1978 година.
Наградата е во висина од околу 1,5 милиони долари.
XS
SM
MD
LG