Достапни линкови

logo-print

Добар одзив на општите избори во БиХ


На вчерашните општи избори во Босна и Херцеговина на кои се гласаше, меѓу другото, и за членови на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина, неофицијално, победија досегашните двајца претставници на Србите и на Хрватите. Единствено од бошњачка страна ќе има нов член, велат, со умерена ориентација.

Речиси целосно избројаните гласачки ливчиња од вчерашните избори во Босна и Херцеговина покажуваат дека Бакир Изетбеговиќ, синот на поранешниот лидер на босанските муслимани Алија Изетбеговиќ, освоил околу 34 насто и оти ќе го замени актуелниот бошњачки член на колективното претседателство Харис Силајџиќ.

Бакир Изетбеговиќ

По соопштувањето на резултатите, Изетбеговиќ вети дека ќе соработува со други етнички групи за да се поттикне економскиот развој на земјата.

„Ние ќе се обидеме, според мое мислење, да ја стабилизираме ситуацијата во Босна и Херцеговина и да се донесеме подобра иднина за нејзините граѓаните, што значи мир и подобри услови за развој на економијата.“

Резултатите од вчерашните избори покажаа и дека актуелниот хрватски член на претседателството, Жељко
Ние ќе се обидеме да ја стабилизираме ситуацијата во Босна и Херцеговина и да се донесеме подобра иднина за нејзините граѓаните: што значи мир и подобри услови за развој на економијата.
Комшиќ, кој исто така се залага за мултиетничка Босна, ја зачувал позицијата.

„Знаеме во што влеговме и за каква работа се фативме и што не чека. Знаеме каква е состојбата во земјата. Нема да ве изневериме. Бидете сигурни во тоа.“

Од друга страна, Небојша Радмановиќ, кој е актуелен српски член на претседателството, според неофицијалните резултати, води на изборите.

Сепак, од Централната изборна комисија беше соопштено дека во гласањето за него 13 насто од гласачките ливчиња биле неважечки и оти ќе се испитува можноста од евентуална изборна измама.

Одзивот на шестите општи избори во Босна и Херцеговина по завршувањето на војната од 1992 до 1995 година изнесуваше околу 56 проценти, што е највисок од 2002 година.

На нив, повеќе од три милиони гласачи избираа и пратеници во централниот парламент и во двете регионални собранија, а гласачите во Република Српска избираа и нов претседател за кој се кандидираше сегашниот премиер Милорад Додик.

Инаку, на овие избори се гледа како на клучни за утврдување на тоа дали земјата, која се уште значително е поделена по етнички линии, ќе може да се придвижи напред со политичките и економските реформи потребни за нејзино приближување кон Европската унија и НАТО.

  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG