Достапни линкови

Расмусен бара отворање на пакистанско - авганистанската граница


Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен денеска изрази надеж дека Пакистан повторно ќе го отвори клучниот граничен премин за снабдување на силите на Алијансата во Авганистан. По состанокот со пакистанскиот министер за надворешни работи Мехмуд Куреши, Расмусен изрази жалење за загинувањето на тројца пакистански војници при неодамнешниот напад на НАТО хеликоптерите врз милитанти во Пакистан, што беше и повод за затворање на преминот.
XS
SM
MD
LG