Достапни линкови

logo-print

Судот на Тајланд повторно за рускиот трговец со оружје


Судот во Банкок и на денешното сослушување во случајот со осомничениот руски дилер на оружје Виктор Бут, не донесе одлука за негова екстрадикција во Соединетите Држави. Закажано е ново рочиште поради новите обвинувања против Бут за финансиски малверзации. Бут, кој беше донесен во судот со панцирен елек и во придружба на тајландски командоси, изјави дека во Соединетите Држави нема да има фер судење. Руската влада и натаму се противи на екстрадикцијата на Бут.
XS
SM
MD
LG