Достапни линкови

Коњановски во САД, денеска средба со Гејтс


Министерот за одбрана Зоран Коњановски, кој престојува во работна посета на САД, денеска ќе има средба со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс. Во среда тој ќе отпатува во Канада, каде што ќе има разговори со канадскиот министер за одбрана Питер Меккеј. Коњановски очекува на средбите да биде отворено прашањето за членството на Македонија во НАТО, пред Самитот на Алијансата што треба да се одржи идниот месец во Лисабон. На денешната средба со Гејтс во Вашингтон ќе се разговара и за заедничките проекти, реформите во одбраната, билатералната соработка, како и за учеството на македонските војници во мировните мисии ИСАФ во Авганистан заедно со трупите на националната гарда на Вермонт, како и во други мировни мисии, меѓу кои и завршената мисија „Слобода за Ирак“.
XS
SM
MD
LG