Достапни линкови

Есенска сесија на ПС на Советот на Европа


Од денеска до 8 октомври во Стразбур ќе се одржи есенската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа. На дневниот ред меѓу другото е ургентната дебата за „неодамнешното засилување на безбедносните дискусии во Европа – случајот со Ромите“. На сесијата обраќање треба да има претседателот на Владата на Македонија Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски во својство на претседавач со Комитетот на Министрите, како и неговиот германски колега Гвидо Вестервеле. На дневен ред ќе бидат и дебатите за борба против екстремизмот, извештајот за правата на децата и за активностите на Организацијата за економска соработка и развој.
XS
SM
MD
LG