Достапни линкови

Во Пакистан милитанти нападнале конвој на НАТО


Полицијата во Пакистан соопшти дека милитанти повторно нападнале танкери кои носеле помош за трупите на НАТО во Авганистан. Овој пат било пукано врз 20 танкери на НАТО во близина на главниот град Исламабад. Ова е втор напад во Пакистан врз танкери на НАТО кои носат помош во Авганистан во последните неколку денови. Полицијата соопшти дека три лица биле убиени во претходен напад. Над 20 танкери беа уништени во нападот во средината на минатата недела.
XS
SM
MD
LG